Нашата компанија ЈОМАК КОМ е формирана во 2013 година во Велес.
Основната дејност е производство на Индустриска опрема за готвење и преработка на храна по HACCP стандарди.
Нашата палета на производи е професионални единици за готвење како тостери, фритези , скари во електрична и плинска варијанта како и неутрална опрема работни маси , мијалници , аспиратори како и разна опрема за преработка на храна по ваши потреби и димензии. Исто така ви ги нудиме нашите услуги во областа на одржувањето на вашите кујни или производствени системи и комплетно реконструирање. Вршиме комплетно реконструирање на уредите со промена на енергенс од струја во плин и обратно.
Нашата цел е задоволни клиенти кои со задоволство ќе го спомнуваат нашето име со секое користење на производите кои се изработени од нашата компанија.
