За нас

Врвен квалитет и оптимално искористување на секој сантиметар во вашата кујна. Откријте го трајното решение за вашата професионална кујна, дизајнирано со прецизност и внимание на деталите.

ЈОМАК КОМ е компанија основана во 2013 година во Велес, специјализирана за производство на индустриска опрема за готвење и преработка на храна по највисоки HACCP стандарди.

Нашата широка палета на производи вклучува професионални единици за готвење како тостери, фритези, и скари – достапни во електрична и плинска варијанта. Покрај тоа, нудиме и неутрална опрема како работни маси, мијалници и аспиратори, како и друга опрема за преработка на храна, која може да биде дизајнирана по ваши потреби и димензии.   Нашата главна цел е да изградиме трајни врски со клиентите, кои со задоволство ќе го спомнуваат нашето име секој пат кога ќе ги користат висококвалитетните производи изработени од ЈОМАК КОМ.

СОВРЕМЕНИ МАШИНИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ФИТР
 
Брзиот развој на Јoмак Ком привлече внимание и од Фондот за иновации и развој, кој додели субвенции за набавка на две врвни машини. Овие машини сега се важен дел од нашата опрема и придонесуваат за уште поголема ефикасност и квалитет во производството.