Постољето за перална е изработено од висококвалитетен нерѓосувачки челик, кој обезбедува висока издржливост, отпорност на корозија и лесно одржување. Oва постоље нуди стабилна и сигурна основа за машини за перење, овозможувајќи оптимална висина за практична употреба. Конструкцијата е изведена со засилени профили, кои гарантираат висока носивост и долготрајност.
Дизајнот е компактен и прилагодлив, погоден за професионални кујни, перални простории и индустриски капацитети. Дополнително, постољето има слободен простор во долниот дел, кој овозможува лесно чистење и дополнителна флексибилност за складирање или поставување на друга опрема според потребите на корисникот.
Подесувачки ногарки
Достапни стандардни димензии (ширина Х длабина Х висина)